Поради пополнет капацитет, уште еден бесплатен настап на Бојан Велевски во Кочани

Точка

23/09/2026

12:30

349

Големина на фонт

а а а

Капацитетот за првиот настап на Бојан Велевски со новото стендап шоу „Chat GPT и Македонците“ во Кочани е целосно пополнет, па тимот на Велевски закажа уште еден бесплатен настап на 8 октомври. Билетите за вториот настан жителите на Кочани ќе можат да ги подигнат во Комисион „Шишко“, до исполнување на капацитетот.

Во меѓувреме, продолжува продажбата на билетите за останатите градови, а турнејата стартува на 27 септември во Тетово. „Chat GPT и Македонците“ ја носи вештачката интелигенција на македонски терен: од стравот дека AI ќе ни ги земе работните места, до сите начини на кои Македонците веќе го користат ChatGPT во секојдневниот живот.


„Сите се плашат дека ChatGPT ќе нè замени. Јас велам: работата нека ја земе, платата нека остане. А кога ќе види со кого си има работа овде, мислам дека повеќе тој треба да се плаши од нас отколку ние од него“, вели Велевски.