[ВИДЕО] Поранешна портпаролка на Белата куќа откри како се однесувал Трамп: „Беше како лав во кафез“

Точка

23/09/2026

11:22

376

Големина на фонт

а а а

По пукањето на вечерата на Здружението на дописници на Белата куќа во април, поранешната портпаролка на Белата куќа, Каролин Левит, ја опишала реакцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и неговото инсистирање да се врати во салата.

Левит во емисијата „Hang Out with Sean Hannity“ на „Фокс Њуз“ зборувала за однесувањето на Трамп по инцидентот, за време на кој одекнале истрели. Таа изјавила дека претседателот, иако штотуку избегнал наводен обид за атентат, сакал повторно да влезе во салата.

„Беше како лав во кафез зад сцената, само викаше дека сака да излезе, во смисла: „Мораме да се вратиме таму“. А јас седам таму и си мислам: „Не знам дали сакам да се вратам таму“, раскажала Левит.

„Беше подготвен да чека со часови…“

Таа додала дека Трамп бил подготвен да чека со часови за настанот да продолжи. „Навистина му поставуваше тешки прашања на своето обезбедување, како: „Зошто не можам да одам? Ќе чекам цела ноќ. Не ми е гајле ако е три часот наутро, започнете го настанот“, рекла таа.


Поранешната портпаролка на Белата куќа рекла и дека во меѓувреме функционерите почнале да го подготвуваат продолжувањето на вечерата, додека Трамп сакал што е можно побрзо повторно да се појави пред јавноста.

„Сакаше нешто да каже, а најдобар начин да го направи тоа беше во просторијата за брифинзи. И тоа го направивме“, додала Левит.

Инцидентот се случил во хотелот „Вашингтон Хилтон“, набргу по почетокот на вечерата. Напаѓачот, кој подоцна бил идентификуван како Кол Ален од Торенс, Калифорнија, наводно вооружен влегол во хотелот.


Припадниците на Тајната служба брзо ги извеле Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс од салата, додека гостите се криеле под масите.