Преубавата Џорџина издоминирала на гала забавата во Мадрид

Точка

21/09/2019

12:00

6.137

Големина на фонт

а а а

Џорџина Родригез е причината зошто Роналдо повеќе го сака сексот отколку неговите голови, како што изјави во своето неодамнешно интервју.

По гала забавата во Мадрид на сите им е јасно на што мислел Кристијано Роналдо кога го изјавил тоа.

Џорџина Родригез (25) уште еднаш покажала зошто ја сметаат за една од најзгодните жени на светот. Познатиот козметички бренд организирал забава по повод 30-от роденден каде што Џорџина била задолжена да врачи една од наградите.

Иако многу од присутните добиле награди сепак сите зборувале само за Џорџина.

Таа носела долга, светкава халина со длабок шлиц кој ја истакнувал нејзината заносна фигура.

На забавата дошла сама затоа што Кристијано имал обврски со Јувентус. Веднаш по завршувањето на забавата таа одлетала за Торино каде што ја чекале Роналдо и децата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг