Жените воздивнуваат по новите фотографии од Бред Пит: Толку се добри што нема да верувате дека има 55 години

Точка

19/09/2019

14:42

3.435

Големина на фонт

а а а

Бред Пит не се нашол на насловната страница на некој магазин уште од 2017 година, кога светските медиуми ја објавија веста за неговиот развод од Анџелина Џоли, но новите фотографии од него кои неодамна се појавија се буквално спектакуларни.

Пит е фотографиран од страна на магазинот “GQ” во неколку различни амбиенти – на мотоцикл, во сафари џип, покрај базен, додека игра пинг понг, и сето тоа во совршени и помалку ретро изданија. Новите фотографии се доказ дека тој не се променил драстично низ годините, само добил позрел и помаженствен изглед. 

“Станува збор за тоа дека стануваш проклето стар. За тоа колку си посвесен за времето и дека имаш повеќе искуства, добри и лоши. Твоите сопствени победи и загуби не ти се чинат толку важни со текот на годините. Со кој го поминуваш времето и како го поминуваш истото – тоа ми стана многу позначајно”, изјавил Бред.

Тој за потребите на магазинот “GQ” зборувал и за тоа како ги поминал сите фази на духовност и дека неодамна ја сфатил тежината кон која тежнеел.

“Поминав низ сè. Пораснав како христијанин, секогаш го испитував поимот “вера”, а потоа заминав по својот пат и се прогласив за агностик. Испробав и некои духовни работи, но едноставно не се чувствував добро. Потоа решив да бидам атеист, сакав да бидам бунтовник, но тоа не бев јас. А потоа сè дојде на своето место и ѝ се вратив на вербата, го мразам зборот “духовност”. Едноставно верувам дека сите сме поврзани”, заклучил холивудскиот шармер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг