[ФОТО/ВИДЕО] Со месеци кружеа гласини дека се скарани: Една прегратка на славните актери кажа сè

Точка

11/09/2026

19:14

303

Големина на фонт

а а а

Актерката Хелен Мирен се појавила на лондонската премиера на втората сезона од серијата „MobLand“, каде што го привлече вниманието со елегантното издание, но и со срдечната средба со колегата Том Харди.

Двајцата се прегрнале и заедно позирале пред фотографите по повеќемесечните медиумски написи за наводни тензии на снимањето.


За премиерата, Мирен избрала впечатлива креација на дизајнерката Џени Пакам. Таа носела фустан со нагласени раменици, целосно прекриен со сребрени светки, кој го комбинирала со дијамантски обетки.

Прегратка по неколкумесечни гласини

На црвениот килим ѝ се придружиле колегите Пирс Броснан и Том Харди. Особено внимание привлекоа Мирен и Харди, кои срдечно се прегрнале и насмеани позирале заедно.


Нивната средба доаѓа по неколкумесечни шпекулации за односите меѓу членовите на актерската екипа. Во британските медиуми се појавија тврдења дека за време на снимањето на втората сезона имало тензии и дека Мирен и Броснан наводно морале да го чекаат Харди на снимањето. Се пишуваше и за неговите наводни несогласувања со авторите на серијата.

Мирен уште претходно јасно ставила до знаење што мисли за ваквите приказни. Покрај фотографијата на Харди на Инстаграм напишала: „Те сакам сега и засекогаш, Хелен“.


Броснан: „Бура во чаша вода“

За гласините на премиерата проговорил и Броснан, кој ги отфрлил како претерување. „О, Боже, тоа навистина беше само бура во чаша вода“, изјавил тој за „Press Association“. Додал дека го обожава Харди и неговата работа и дека екипата на серијата е многу сплотена.

„Ние сме сплотена екипа, како семејство“, истакнал Броснан.


Тој објаснил и дека на снимањето се работи многу интензивно и дека актерите по завршувањето на снимањето главно си заминуваат кај своите семејства, поради што немаат многу време за заеднички дружења.

„Сите доаѓаат на работа и го даваат својот максимум. Сè се одвива многу брзо, па немаме време за дружење или одење во паб. Секој си оди дома кај своето семејство и додека да се свртиш, веќе сте снимиле десет епизоди“, рекол тој.


Гласините започнаа по веста за третата сезона

Шпекулациите за проблемите зад сцената дополнително се засилија по медиумските тврдења дека Харди нема да се врати во новата сезона на „MobLand“.

Сепак, Мирен и Броснан сега јавно застанаа зад својот колега, а фотографиите од лондонската премиера прикажаа сосема поинаква слика за односите меѓу ѕвездите на серијата.

„MobLand“, криминалистичката серија во која Мирен, Харди и Броснан ја предводат актерската екипа, стана еден од позабележителните наслови на „Paramount+“. Втората сезона ја продолжува приказната за судирите меѓу криминалните семејства и нивната борба за моќ.