Кога еден “виц“ може да ви донесе награда: Погледнете го краткометражниот македонски филм и гласајте за единствениот претставник од Македонија!

Точка

05/09/2019

19:28

4.009

Големина на фонт

а а а

Најновиот краткометражен филм на Пеце Здравковски, инспириран од популарен македонски виц е на листата на најголемиот интернационален натпревар MyRodeReel.

Се работи за комичен краткометражен филм, кога човек е заробен во пустина и работите му изгледаат безнадежно - натприродна сила му помага... или пак не.


Позади камерата е Ѓорги Вацев, а главен и единствен актер е Алек Ѓорѓиевски. Гласот и музиката се на Ketil Schei, комбинирани со кавалот на Илија Ќосевски.


Филмот можете да го погледнете ОВДЕ и на истиот да гласате. Сепак, ова е единствениот претставник од Македонија.


А, во продолжение може да погледнете што се случувало позади камерите.