[ВИДЕО] Том Круз доживеал несреќа за време на снимањето на 18+ сцени: Познатата актерка речиси му го скршила носот

Точка

21/06/2025

21:03

1.027

Големина на фонт

а а а

Славниот холивудски заводник Том Круз, познат по своите каскадерски потфати, замалку доживеал многу необична несреќа во текот на снимањето на љубовна сцена во филмот „Коктел“ (Cocktail) од 1988 година.

Неговата тогашна колешка, Џина Гершон, раскажала за „Гардијан“ како ја снимале својата прва интимна сцена, а таа случајно го удрила директно во носот со коленото, кој почналј да крвави. Сè започнало кога таа предложила сцената да биде посугестивна, но под покривките, напоменувајќи му на актерот дека е многу скокотлива.

„Му реков: 'Само немој да ме скокоткаш“. Но, тој ме зграпчи околу половината и јас рефлексно со коленото го удрив по носот. Не сакав тоа да го направам, имаше крв насекаде'.“

Џина била убедена дека со таа грешка си ја уништила иднината во Холивуд:

„Помислив: 'Штотуку му го скршив носот на Том Круз, никогаш повеќе нема да работам'; Бев преплашена“

Но, Круз рекол дека не е нејзина грешка:

„Тој само рече: 'Моја грешка. Ме предупреди'.“


Гершон заклучила дека тој бил исклучително нежен и професионален, особено во сцената во којашто таа се чувствувала ранливо:

„Мило ми е што тој ми беше прв партнер во таква сцена“, рекла Џина.