Вторпат на врвот: 56 милиони само за една година

Точка

24/08/2019

17:13

4.907

Големина на фонт

а а а

На врвот на листата на Форбс за најплатени актерки, втора година по ред е актерката Скарлет Јохансон.

34- годишната актерка, најпозната по улогата во филмот со најголема заработувачка во историјата „Одмназници-Завршница” , заработила 56 милиони долари од јули 2018-та до јули годинава.

Ѕвездата на серијата „Современо семејство” - Софија Вергара, е на второ место со заработени 44,1 милиони долари, додека Рис Витерспун, продуцентка и актерка во серијата „Големи, мали лаги” e трета со заработувачка од 35 милиони.


Елизабет Мос, која глуми во серијата „Приказната на слугинката” и австралиската актерка Маргот Роби за првпат се најдоа на оваа листа, при што првата заработила 24, а втората 23,5 милиони долари.

Никол Кидман, Џенифер Анистон, Кејли Кјуко, Шарлиз Терон и Елен Помпео се меѓу десетте најплатени актерки на листата на Форбс за годинава.

Проценката на Форбс се заснова на истражувања на пазарот, заработка од филмови и серии и разговори со вработените во филмската индустрија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk