Нема мир за Конор Мекгрегор...ММА борецот е во центарот на нов скандал. Овој пат удрил постар господин.
Конор на 6-ти април дошол во еден паб во Даблин. На снимката јасно се гледа дека сакал да ги почести сите со вискито кое го произведува неговата компанија.
Откако еден од гостите одбил, настанал тотален хаос. Конор бил упорен, ја туркал чашата, но постариот господин не сакал "ни да слушне".
На крајот добил удар во глава, а ако присутните не реагирале којзнае како ќе поминел.
Полицијата е известена и Конор сега го чека нова постапка. Повторно ја преминал границата.