Фермин: Посебно сум изненаден од едно летно засилување

Дерби

25/09/2026

12:23

261

Големина на фонт

а а а

Фермин Лопез остави тешко лето зад себе и болката се обиде да ја претвори во голем мотив да биде во најдобра форма на стартот на сезоната, а по седум одиграни меча, слободно може да се каже дека офанзивниот играч за врска ја остави зад себе повредата на метатарзалната коска.

Скршеницата на стапалото го остави без сонот наречен мундијал и без светска титула, па иако во повеќе наврати призна дека му било многу тешко во текот на летото, сега ужива во слободата и сатисфакцијата која му ја дава фудбалот кој го игра Барселона.

Фермин има биланс од четири голови и две асистенции на воведот во новата сезона, во која Барселона изгледа уште посилно со засилувањата кои пристигнаа.

Барселона ангажираше седум нови фудбалери ова лето, а Фермин издвои еден како играч од кој е посебно изненаден, особено поради тоа што пристигна од сосема различно фудбалско првенство.

– Родри добро го познавав од репрезентацијата, па затоа не сум изненаден од него. Би кажал дека најизненаден сум од Гордон. Игравме против Њукасл во Лигата на шампионите, но го немав забележано подетално. Немав гледано многу натпревари од него и нависитна сум многу изненаден од неговиот квалитет. Верурвам дека тој е играч кој ќе ни даде многу во сезоните кои претстојат, – вели Фермин.