Норвешка и Данска воодушевија, Халанд царуваше во скандинавскиот спектакл во Осло

Дерби

25/09/2026

08:14

629

Големина на фонт

а а а

Норвешка и Данска го одиграа убедливо најдобриот меч во воведната натпреварувачка вечер во Лигата на нации, бидејќи скандинавското дерби понуди се што треба да понуди една пресметка.

Голови, големи шанси, голема битка, враќање во игра и битка за секој метар од теренот преовладуваа во сите 90 минути, а на крајот видовме и еден црвен картон за домаќините.

Присутните во Осло беа сведоци на вистински фудбалски спектакл со пет постигнати голови, а домашните приврзаници имаа причина да се радуваат и покрај тоа што Данска се враќаше од два гола негатива.

Оскар Боб и Ерлинг Халанд погодија во почетните 20 минути за предност од 2:0, Данска се врати во игра со евроголот на Дамсгард од слободен удар, а Хојлунд израмни на 2:2 по еден час игра.

Тоа го направи дербито уште повозбудливо, но последниот збор го имаше Ерлинг Халанд кој мајсторски погоди по додавање од Мартинд Одегард за 3:2. Во самата завршница, Норвешка остана со играч помалку (Волф), но тоа не се одрази врз конечниот резултат.

Головите погледнете ги ТУКА.