Кара и Попи Делевињ се цимерки, а вака изгледа нивниот необично уреден дом

Кармин

13/08/2019

14:09

1.761

Големина на фонт

а а а

Како изгледа домот од соништата во Лос Анџелес кој го уредиле двете сестри, кои се воедно манекенки од Британија? Како шарена џунгла!

“Architectural Digest” “ѕирна” во домот на Кара и Попи Делевињ кој е уреден во живописен ретро стил, впечатливи бои и мноштво зелени билки. 


Домот на два спрата го уредил архитектот Николо Бини, кој при уредувањето го вметнал британскиот Делевињ шарм со доза на калифорниски стил, културата на Беверли Хилс и дел од мексиканската разноликост за да создаде опуштен и разигран дом за двете сестри.


Така, шетајќи низ нивниот дом ќе наидете на едноставна бела, отворена кујна, дневна просторија во која вниманието го крадат розовата софа и зелените фотелји, бањите инспирирани од мароканскиот стил како и спалните соби во кои владеат шарени тапети и впечатливи бои кои никогаш не би помислиле дека ќе се вклопат во овие простории.



Електричниот дом кој е микс од различни стилови, а сепак изгледа усогласено и осмислено до последен детаљ, има и прекрасна градина во која покрај базенот, се крие и шатор за одмор.

Забавно, одважно, но истовремено и елегантно, ова е место кое е вистински извор на инспирација и повик за излегување од комфор зоната.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk