Кога Бијонсе ќе пристигне вака облечена на забава, сите остануваат без здив: Градите во преден план, а шлицот - чиста сензација

Кармин

30/07/2019

16:31

7.227

Големина на фонт

а а а

Бијонсе во последно време сè почесто се појавува во атрактивни модели на фустани. Таа неодамна во прв план ги ставила деколтето и голите нозе и на сите им го одземала здивот.

Иако во последно време е зафатена со промоција на последното издание на Дизни, “Lion King”, пејачката нашла време да присуствува на 21-виот роденден на својата роднина и се потрудила апсолутно да издоминира на забавата. 

Тематската забава била инспирирана од “The Great Gatsby”, а Бијонсе и Џеј Зи се потрудиле да изгледаат соодветно со своите комбинации.

Во црвениот фустан на едно рамо, украсен со светкави детали, Бијонсе ги истакнала своите бујни облини и изгледала потполно сензационално.

Сепак, нејзините облини се нешто за кое веќе некое време се зборува во јавноста. И додека некои ја сметаат за “вистинска жена” поради раскошните атрибути, други сметаат дека има вишок килограми, но Бијонсе не се осврнува на ваквите коментари.

Таа не го коментирала ни неверството на својот сопруг кога беше актуелно, а парот успеал да го спаси бракот и денес тие изгледаат посреќно од некогаш.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk