[ФОТО/ВИДЕО] Кендал Џенер за првпат на црвениот килим во Венеција: Од гардероберот извадила фустан постар од неа

Кармин

04/09/2026

14:35

408

Големина на фонт

а а а

Кендал Џенер за првпат прошетала на црвениот килим на Венецискиот филмски фестивал, а за своето големо деби не избрала нова дизајнерска креација. Славната манекенка ѕирнала во модните архиви и се појавила во спектакуларен фустан од 1995 година, кој е дури неколку месеци постар од неа.

30-годишната Џенер блеснала во светкав златен фустан на модната куќа „Џорџо Армани“, богато украсен со мониста и цветни мотиви. Креацијата потекнува од есенската колекција од 1995 година, додека Кендал е родена во ноември истата година.


Архивскиот фустан го надополнила со дијамантски обетки од „Briony Raymond“ и сандали од модната куќа „Aquazzura“ во неутрална нијанса, додека остатокот од изгледот бил прилично минималистички.

И со бјути деталите се вратила во 90-тите

Кендал се откажала од ѓердан, нараквици и прстени и му дозволила на раскошниот фустан да ја има главната улога. Избрала неутрална шминка, додека косата ја разделила со „цик-цак“ патец, еден од препознатливите бјути трендови од 90-тите години.

„Возбудена сум што ќе го облечам фустанот и потоа ќе прошетам на црвениот килим“, изјавила таа за „Вог“ во пресрет на своето фестивалско деби.


Нејзиниот избор на креација од Армани не е случаен. Претходно оваа година, ѕвездата на реалното шоу „The Kardashians“ стана заштитно лице на парфемот „Power of You“ на брендот „Емпорио Армани“.


„Обожавам да соработувам со Армани. Сите се многу љубезни, а сè е секогаш толку забавно и едноставно“, изјавила Џенер.


За првпат на црвениот килим во Венеција

Кендал дебитирала на Венецискиот филмски фестивал на премиерата на филмот „Wild Horse Nine“ на режисерот Мартин Мекдона. Во филмот глумат Џон Малкович, Сем Роквел, Стив Бушеми, Том Вејтс и Паркер Поузи, кои исто така се појавиле на црвениот килим.


Ова воедно било и прво големо појавување на црвениот килим за славната манекенка по Мет Гала, која се одржа во мај. Во текот на летото, Џенер главно била далеку од центарот на вниманието.

Џенер притоа не е единствената ѕвезда која оваа година во Венеција посегнала по модните архиви. Актерката Сидни Свини на фестивалот пристигнала во винтиџ креација на „Шанел“ во боја на слонова коска од пролетната колекција за 1987 година, зад која стоел легендарниот Карл Лагерфелд.


Сепак, изборот на Кендал е особено интересен токму поради годината од која потекнува фустанот. Креацијата, претставена пред таа да се роди, повеќе од три децении подоцна добила нова можност да блесне, и тоа токму на нејзиното прво појавување на црвениот килим на Венецискиот филмски фестивал.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk