Еве како морето благотворно делува на телото: Го отстранува целулитот и го чисти тенот

Кармин

25/07/2019

11:51

1.098

Големина на фонт

а а а

Освен што од летувањето се враќаме поодморени, релаксирани и со бронзен тен, пред заминувањето на море би требало да ги знаеме и сите негови предности, но и благодетите на водата и да ги искористиме на вистински начин.

Со оглед дека морето има иста pH вредност како и крвта, тоа во трагови ги содржи сите важни минерали и елементи и е бесплатен извор на минерални хранливи материи. 


Со секојдневното капење, телото ги добива ретките елементи кои недостасуваат во секојдневната современа исхрана. Свежата морска вода поттикнува размена на минерали и токсини помеѓу телото и водата. Ситните честички на сол патуваат до најдлабоките предели на дишните алвеоли. Олигоелементите и минералите како магнезиум, манган и кобалт продираат во организмот од морето и го зајакнуваат природниот имунитет.

Секојдневото капење исто така е добар начин за телото да добие “солена” детоксикациска хидротерапија. Морската вода ги содржи сите лековити минерали, а со тоа кожата се детоксицира и обновува.

Морето има и големо електромагнетско енергетско поле кое природно се полни и го урамнотежува човечкиот енергетски склоп. Тоа значајно придонесува во процесот на обнова и го забрзува чистењето на целиот човечки организам. Воздухот е полн со негативни јони кои исто така помагаат во детоксикација на крвта и ткивото и го олеснуваат брзото елиминирање на токсините. Колку е здравата морска сол, говори и фактот дека секој од нас барем еднаш во животот користел спреј за нос со морски раствор за влажнење на сувата слузница.


Морската вода помага во лекување на болките во грбот, ишијас, спортски повреди, проблеми со циркулацијата, псоријаза и сите состојби поврзани со модерниот начин на живот како нервна напнатост и стрес. Помага и во лекување на срцевите болести, ја отстранува нечистотијата од кожата, го чисти тенот и ја враќа влажноста на сувата кожа. Исто така, брановите и струите во морето го масираат целото тело и помагаат во затегнување на кожата и отстранување на целулитот.

Еден од најважните елементи од морето е јодта бидејќи таа му е потребна на човечкото тело за производство на два важни хормони на штитната жлезда. Недостатокот на јод доведува до хроничен замор, но и зголемена склоност кон инфекции, мускулна слабост, бавни рефлекси и ризик за појава на посериозни болести.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk