Мишел Обама избрана за најценета жена на светот: За Меланија Трамп на никој не му е гајле, погледнете кое место го зазеде таа

Кармин

19/07/2019

13:05

4.506

Големина на фонт

а а а

Некогашната прва дама на САД, Мишел Обама, официјално е избрана за најценета личност на светот. Таа ја престигна дури и кралицата Елизабета и многу други популарни дами.

Според анкетатата која беше спроведена неодамна во која беа опфатени 42.000 луѓе во 41 земја, поранешната прва дама на САД е на врвот на листата на “најценети жени на светот“. Обама на оваа листа ја надмина и својата пријателка Опра Винфри која се наоѓа на второто место.


Актерката и активистка за човекови права, Анџелина Џоли е трета, а британската кралица Елизабета II, четврта. Поранешната американска секретарка Хилари Клинтон е на осмото место, а поп дивата Мадона е на единаесеттото место.

Сегашната прва дама на САД, Меланија Трамп е на деветнаесеттото место, од вкупно 20.

На листата на најценети мажи, сопругот на Мишел, американскиот поранешен претседател Барак Обама е на второто место, а на првото место се наоѓа милијардерот и филантроп Бил Гејтс.


Меѓународната ѕвзда на акциони филмови Џеки Чен е на третото место. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk