Заев: Не сум зборувал со Јанева пред да ѝ го одземат телефонот

Макфакс

17/07/2019

13:15

2.569

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев кажа дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред да ѝ се одземе телефонот.

„Јавното обвинителство е должно да каже дали се злоупотребува Катица Јанева во процесот или има докази против неа“, смета Заев.

Додека не се докаже дека е инволвирана во случајот, рече Заев, стојам зад неа.

„Верувам во правосудниот систем, конечно функционора, имаме правна држава, се покажува дека законот важи за сите. Верувам дека секој што се огрешил и има докази, дека ќе одговара“, рече Заев.

На новинарско прашање, премиерот рече дека не може да потврди на кого мисли новинарот Бранко Героски во неговите колумни кога зборува под псевдоними за функционери.

Заев: Се надевам дека „бомбите“ од Ел Чека не се излезени од СЈО

Институциите постапуваат за објавените разговори од Ел Чека, рече премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција во Владата.

„Се имаме обратено до сојузниците во држави од каде мислиме дека тоа се прави, објавувањето на снимките“, одговори премиерот на прашање за „бомбите“ на Ел Чека.

Додаде дека потребни се анализи зошто некој тоа го прави, истакнувајќи дека според него се работи за кривично дело.

„Згрозен сум од тоа што го слушав, има таму и приватни разговори“, истакна премиерот кој кажа дека тој кога ги објавувал „бомбите“, внимавале да бидат само службени разговори.

Премиерот исто така изрази надеж дека овие материјали не се излезени од СЈО.


Заев: Дајте прво за изборен законик да разговараме па потоа за избори

За лидерска средба премиерот Зоран Заев вели дека ќе прави уште еден обид да го убеди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Не мора да се договориме, но треба да седнеме да разговараме. Дајте прво за изборен законик да разговараме па потоа за избори“ одговара Заев за ставот на Мицкоски дека не сака да има лидерска без да разговараат за предвремени избори.

Лидерската средба е договорена за в петок, Села и Ахмети потврдија присиуство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг