165.000 луѓе тргнуваат во лов на вонземјани: "Ќе се состанеме во Областа 51!"

Точка

11/07/2019

15:27

2.066

Големина на фонт

а а а

Ловците на вистината не ги кријат своите смели планови дека вонземјанските гости ќе ги бараат на подрачјето на воздухопловната база "Едвардс", која постојано е под силни мерки за обезбедување. Па дури и по пат на Фејсбук ги повикале сите кои се подготвени да им се приклучат.

Повеќе од 165.000 луѓе на Фејсбук "кликнале" дека ќе се приклучат во ловот на вонземјани во американската база. Настанот е организиран со име "Област 51, не можат сите да не спречат", додека повеќе од 200.000 корисници на Фејсбук кликнале дека се "заинтересирани" за таа акција. 

Обидот за организиран упад е закажан за 20-ти септември. "Ќе се состанеме во Областа 51 и ќе го координираме нашето влегување", наведено е на Фејсбук.

Тајната американска воздушна база, под кодно име "Област 51" во државата Невада, за која се наведува дека минала низ многу технички промени, низ годините била магнет за сите видови заговорници и ловци на вонземјани.

Во 50-тите години од минатиот век, САД почнале да тестираат авион за извидување на голема надморска височина, и веднаш се појавиле извештаи дека таму е виден НЛО.

Владата на САД во 2013-та година признала дека тајната база има врски со разузнавачки активности, по барањето на основа на слобода на информирање, пратено во 2005-та година.

Се смета дека базата е задолжена за развој на шпионска технологија за ЦИА, која често се поврзува со дизајни на вселенски бродови, така што заговорниците тврдат дека на тоа место се сместени неидентификувани летечки објект.

Нивото на обезбедување на тоа подрачје не ги исплашило ловците на вонземјани. Во јануари оваа година, службениците за Национална безбедност на Невада пукале на човек кој со возило се обидел да влезе во чуваната област.




Спонзорирани линкови

Маркетинг