Нутриционистката тврди – подобро е да изедете два хамбургерa отколку хамбургер и помфрит

Кармин

01/07/2019

10:12

2.630

Големина на фонт

а а а

Додека повеќето нутриционисти опоменуваат да се избегнува брзата храна, една нутриционистка ќе ве поддржи, па дури и бодри да изедете два хамбургера.

Но, пред да ја прогласите за херој на денот, нејзиниот совет се однесува само во случај кога консумирате хамбургер и помфрит. Нутриционистката од Њујорк, Емили Филд, советува да го избегнуваме броењето на калории и да обрнеме внимание на составот на намирници кои ги внесуваме во текот на нашите оброци и потоа да заклучиме дали нашиот оброк бил “добар” или “лош”.  

Исто така, таа на своите пациенти им препорачува да размислат за трите компоненти во исхраната: мастите, јаглехидратите и протеините.


“Протеините се гориво за вашите мускули и подолго ќе ве држат сити, додека јаглехидратите даваат енергија, а маснотиите помагаат во апсорбција на витамини и минерали. Освен тоа, со урамнотежениот внес на овие три компоненти ќе избегнете прејадување и ќе имате поголема контрола над чувството на глад”, објаснила Филд во разговор за “Business Insider”.

Емили тврди дека најдобро е однапред да ги планирате оброците и пред самото јадење да се запрашате: “Како ќе се чувствувам после оброкот?”. Токму поради тоа, по нејзиното мислење, многу подобро е да се изедат два хамбургера наместо хамбургер и помфрит.

Хамбургерот во себе содржи околу 40 грама јаглехидрати, 17 грама протеини во месото и 10 грама масти, додека порција помфрит има ист број на калории како хамбургерот, но содржи многу повеќе маснотии и јаглехидрати – а мал број на протеини.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk