Повеќе од 40 милиони прегледи: Реакцијата на таткото на (пре)кратките шорцеви на својата ќерка го насмеа светот

Точка

18/06/2019

13:54

9.330

Големина на фонт

а а а

Реакцијата на еден татко на кратките џинс шорцеви на својата ќерка стана хит на интернет, а некои веќе го нарекоа и “татко на годината”.

“Ти своите ги носиш во јавност? Јас ќе ги носам моите. Вовед во родителство”, напишал Џејсон Хили покрај снимката која ја објавил на Фејсбук пред неколку дена, а која ја погледнале повеќе од 40 милиони луѓе. 

Во кратката снимка, Хили и помладиот брат на девојката влегуваат во нејзината соба.

“Кендал, мора да разговараме”, ја започнал таткото лекцијата, по што побарал од ќерката да ги пронајде шорцевите за да ги спореди со своите.

Во еден момент, Кендал “протестирала”, велејќи му на таткото дека нејзините шорцеви не се воопшто кратки. “Не, не се ни моите”, одговорил Џејсон.

“Апсолутно прекрасно, татко на годината”, “Добра работа, паметен начин работите да се стават во вистинска перспектива”, “Таа е вистинска среќничка, еден ден ќе сфати”, се само некои од пофалбите кои ги добил овој креативен и духовит татко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг