Еден пар од САД сакал да го овековечи моментот на свршувачка со снимка покрај река, во природа. Сè изгледало совршено – зајдисонце, мирна вода во позадина, љубов во воздухот … сè додека нивното куче Скаут не реши да ја преземе главната улога.
Додека Кенлин клечел за да ја запроси својата девојка, нивниот златен ретривер Скаут весело пливал во позадина. Но, токму во тој магичен момент, кучето неочекувано било повлечено од силните речни струи и почнало да тоне надолу по реката!
На видеото објавено на "TikTok", кое за кратко време собра над 4 милиони прегледи, се гледа како Скаут исчезнува во водата токму додека се случува свршувачката.
„Скаут пливаше и се приближи до вителот токму кога го поставував прашањето“, изјави Кенлин за "Newsweek".
За среќа, кучето брзо било извлечено од водата и сè поминало без последици. „Тој е сосема добро. И понатаму е среќен што може да плива“, додаде Кенлин.
Интернетот се смее, Скаут ја краде сцената
На интернет, реакциите беа урнебесни. Коментарите брзо ја засенија самата свршувачка – фокусот премина на кучето, кое очигледно не сакало да остане во втор план.
„Скаут буквално рече: ’Не сакам да ја уништам сцената, ама можеби умирам‘“, се пошегува една корисничка.
„Скаут се обидува да не биде драматичен, ама му фали спасувачки тим“, додаде друг.
@kenlyn_mcguiregolf We got him back don’t worry🤣#fyp #engaged #marriage ♬ SCOUT the Trout - kenlynmcguire
„Како да го одвлечам вниманието од прстенот на себе? Скаут: Случајно паѓам во реката“, гласат духовити коментари.
Дури и брендови се вклучија во шегата – "PetSmart" напиша: „Ова е светот на Скаут, ние само сме статисти.“
Кенлин призна дека целиот инцидент му бил пресмешен: „Знаев дека и на другите ќе им биде забавно.“
Опомена за сопствениците на кучиња
Иако златните ретривери како Скаут се природни пливачи и уживаат во вода, важно е да се знае дека не сите раси се еднакво вешти. Кучиња како мопсови, булдози и јазовичари, поради својата градба, многу полесно можат да западнат во неволја во вода. Затоа се препорачува употреба на безбедносни елеци – особено во близина на брзи води.
Скаут помина без повреди – но затоа украде цело шоу и од романтична свршувачка направи интернет сензација.