Independent ја стави „Молитва“ во 10-те најдобри победнички песни на Евровизија!

Кармин

21/05/2019

14:19

2.648

Големина на фонт

а а а

После победата на Марија Шерифовиќ на Евровизија, Србија немаше преголема среќа на овој натпревар.

Сепак, и сега, 12 години подоцна, истакнати европски медиуми ја споменуваат оваа песна како една од „најдобрите на сите времиња кои се појавиле на Евросонг“.


Имено, за време на евровизиската грозница која изминатите денови ја тресеше цела Европа, новинарите од британскиот „Independent“ ги анализирале сите песни кои победиле на натпреварот, и „Молитва“ ја ставиле меѓу топ 10-те најдобри победнички песни на сите времиња, покрај Аба, Лорен, Џони Логан, Селин Дион...

„Independent“ композицијата на Марија ја нарекува „модерна опера“ и „високо драматична балада“, која го пронашла својот пат до срцата на Европјаните и покрај фактот дека во тоа време сите посегнувале по екстравагантност и во песните и во настапите.

„Молитва“ и денес предизвикува најдлабоки емоции кај фановите на Евровизија, а Марија важи за сопственичка на еден од најдобрите вокали кои било кога се чуле на овие простори. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk