Некогаш најпопуларниот брачен пар на светот денес е во одличен пријателски однос

Кармин

13/12/2018

12:46

3.878

Големина на фонт

а а а

Латино пејачката Џенифер Лопез и пејачот Марк Ентони биле фотографирани во Мајами со своите деца, 10-годишните близнаци Макс и Ема.

Џеј Ло и Марк срдечно се поздравиле кога се сретнале, а додека 50-годишниот пејач ги бакнувал децата, латино дивата го гледала со насмевка на лицето. Откако пејачката се разведе од актерот Бен Афлек, таа во 2004 година започна врска со долгогодишниот пријател Марк, а се венчаа по 6 месеци врска. 

Парот во 2007 година соопшти дека го очекуваат своето прво дете, а таткото на Џенифер Лопез открил дека тие всушност очекуваат близнаци, објаснувајќи дека таквите гени им се во семејството.

Во февруари 2008 година на светот дојдоа близнаците Макс и Ема, а списанието "People" ги откупи нивните фотографии за 6 милиони долари. На изненадување на јавноста, парот во 2011 година објави дека се разведува, а документите за развод ги потпишале дури во 2014 година.


"Секогаш ќе бидеме добри пријатели. Јас сум секогаш тука за него, тој е секогаш тука за мене. Свесни сме дека делиме нешто посебно, нашите деца и секогаш ќе бидеме тука за нив", изјавила Џеј Ло во една прилика.

Марк од крајот на 2014 година бил во брак со манекенката Шенон де Лима со која се разведе по две години брак. Џеј Ло е моментално во среќна врска со пензионираниот бејзбол играч Алекс Родригез.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk