Таа е најголема ѕвезда на самитот на Обединетите Нации: Нејзината мајка е премиерка, добила своја акредитација и ја оставила јапонската делегација во шок

Кармин

25/09/2018

13:50

4.374

Големина на фонт

а а а

Животот на новородената ќерка на новозеландската премиерка Јасинда Ардерн сигурно не е здодевен.

Таа има само три месеци, а веќе со нејзината мајка била на самитот на Обединетите Нации, добила сопствена (лажна) акредитација, а нејзините пелени биле менувани пред јапонската делегација во Њујорк.  

Тримесечната Неве Те Ароха веднаш станала ѕвезда. Премиерката Ардерн ја повела својата ќеркичка на главниот самит на Обединетите Нации, а додека мајка ѝ била зад говорницата, малечката Неве ја гледала во прегратките на Кларк Гејфорд, сопругот на новозеландската премиерка.


Јасинда Ардерн била шест недели на породилно отсуство по што грижата за малечката ја презел таткото на девојчето, со цел таа да се посвети на премиерските обврски.

38-годишната премиерка е втората избрана политичарка која родила дете за време на мандат, по пакистанската премиерка Беназир Буто во 1990 година.


Кларк Гејфорд ја објавил (лажната) акредитација за влез на својата ќерка и напишал:

"Би сакал да можев да ги снимам погледите на лицата на јапонската делегација вчера во зградата на ОН кога пристигнаа на состанокот додека се менуваа пелените на Неве. Ќе имаме одлична приказна за нејзиниот 21-ви роденден", напишал Гејфорд.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk