Научно докажано: Манука медот не е најздравиот мед на светот

Кармин

05/09/2018

16:40

3.607

Големина на фонт

а а а

Научниците докажале дека медот од поднебјето на Ирска содржи подеднакво значајни супстанци како и манука медот, кој до неодамна се сметаше за најздрав на светот.

Здравствените предности на ирскиот мед биле споредени со оние на мануката, тврди новата студија. Манука медот, чија цена е доста висока, во последните неколку години се наоѓаше на списокот на најпопуларни намирници поради фактот што е богат со антиоксиданси, делува антибактериски и има силно антивоспалително дејство. 

Меѓутоа, новите истражувања сугерираат дека ирскиот мед, кој е многу поповолен на пазарот, може да овозможи речиси исти здравствени придобивки.


Во студијата која била овозможена преку соработка со универзитетот Даблин Сити и Тринити колеџ, истражувачите пронашле дека ирскиот мед содржи многу моќни антиоксиданси (фенолни соединенија) токму како и мануката.

Антиоксидансите се значајни за нашето здравје бидејќи можат превентивно да делуваат на оштетувањето на клетките, а исто така се и ефективни во борбата со инфекциите и го поттикнуваат закрепнувањето на организмот.

Научниците исто така откриле дека темниот мед има повисока содржина на антиоксиданси во однос на светлиот.

"Ирскиот мед има високо ниво на феноли и фактот дека содржината на медот може да се спореди со мануката е многу возбудлива информација за нас", вели д-р Бланаид Вајт од даблинскиот универзитет.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk