Актерката се пошегува на своја сметка откако нејзината фотографија беше искористена за смешно "меме"

Кармин

31/08/2018

09:37

3.662

Големина на фонт

а а а

Фотографијата од актерката Гвинет Пелтроу на која таа е во базен и пред неа стои чаша со мартини стана вирален хит на социјалните мрежи.

Нејзиниот пријател ја објави на својот Инстаграм профил, американскиот новинар Дерек Блезберг, а дежурните Интернет тролови ја претворија фотографијата во урнебесно смешно меме. 

"Јас кога се претварам дека ги слушам своите пријатели, но всушност размислувам за пенис", напиша на нејзината фотографија еден корисник на Инстаграм, а неговото меме во краток рок стана хит на Интернет и успеа да дојде до актерката.

А, доколку судиме по нејзината реакција и Гвинет оваа шега добро ја прифати и се пошегува на своја сметка.

"Нели тоа е проклетата вистина", напиша актерката под фотографјата и ја покажа својата одлична смисла за хумор, но и перверзна страна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk