Ријалити ѕвездата откри дека нејзиниот 8 годишен син ги документирал нејзините провокативни фотографии

Кармин

13/07/2018

13:36

6.392

Големина на фонт

а а а

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан пред неколку денови го заврши својот одмор во Италија со момчето Јунес Бенџима, а фотографиите кои ги споделуваше беа повеќе од провокативни, додека пак следбениците сакаа да знаат каде се нејзините деца.

Кортни Кардашијан откако има ново момче максимално ужива во својот живот и ова лето таа со момчето летуваше во Италија, одмор за кој можевме да погледнеме на социјалните мрежи. Кога фановите ја нападнале со прашањата "што ти прават децата и каде се", таа им возврати дека фотографиите ги документирал нејзиниот 8 годишен син, нешто поради кои фановите се вознемириле и ја осудиле. 

"Мојот син ја сними оваа фотографија додека другите две седат на маса спроти мене", напиша таа и така откри дека Мејсон (8) е заслужен за фотографијата на која провокативно позира во бикини на јахта во Портофино.

Таа исто така порача дека никој освен неа не треба да се интересира каде се нејзините деца.

"Само што ја завршив дневната доза фокачо. А, што правите Вие?", напиша Кардашијан под фотографијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk