Остров со една единствена вила: Летувањето на ова место е привилегија на ретките

Кармин

11/07/2018

17:49

1.819

Големина на фонт

а а а

За сите оние кои сакаат и имаат можност да летуваат во вистинска смисла на зборот, ви претставуваме егзотична вила на приватниот остров Гледен, која е воедно и единствениот станбен објект на овој приватен остров.

Островот Гледен лежи точно на работ на најширокиот дел на коралниот гребен Белизе во Карипското море. Се наоѓа на точно 32 километри од Плаценција - едно од најомилените туристички места кое е познато по мирната и кристално чистата вода. 


Престојот во оваа вила која се простира на 280 квадратни метри изнесува 2200 долари за една вечер, а причината за ваквата висока цена е луксузот кој го добивате со удобниот мебел, неверојатните базени и пространите соби, окупирани со природна светлина.


Оваа дестинација е идеална за оние кои сакаат стопроцентна приватност - покрај тоа што куќата е сместена на мал приватен остров, до кој може да се стигне само со брод, таа е опколена и со густо зеленило кое дополнително ја крие од останатите предели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk