Разликата од 32 години не им смета: Славните актерки не кријат колку се заљубени една во друга

Кармин

19/06/2018

11:17

5.513

Големина на фонт

а а а

За нивната врска постојат поделени мислења - додека некои го сметаат за неприродно тоа што двете актерки се во врска, има и такви кои не гледаат проблем во нивната врска туку во нивната разлика во годините.

Зошто луѓето имаат такви реакции на нивната врска, одговорот пробала да го даде и самата актерка - 43-годишната актерка Сара Полсон. 

"Кога некои луѓе ме гледаат со Холанд мислат дека влечам трауми од детството врзани за мајка ми. Јас се грижам за нејзе исто колку што и таа се грижи за мене, нема никакви скриени намери тука", рекла ѕвездата на филмот "Ocean's 8" во интервју за "Sunday Times".


"Мислам дека многу луѓе имаат предрасуди кон постарите луѓе. Јас имам среќа што сум во врска со некој што е постар и попаметен од мене", изјавила Полсон за својата партнерка, 75-годишната актерка Холанд Тејлор.

Во текот на интервјуто, Сара признала колку ѝ се воодушевувала на својата партнерка пред да започне врска со неа, сметајќи ја за "најубавата жена која некогаш ја видела".


Бидејќи одамна јавно проговорела за желбата да ги замрзне своите јајце клетки, со цел еден ден да може да стане и мајка, актерката изјавила дека никогаш не била сосема сигурна дали сака деца или не.

"Обожувам деца, но исклучително сум импулсивна, па отсекогаш сум стравувала дека ќе зажалам ако станам мајка. Но, од друга страна, може ќе зажалам и ако не станам, затоа за секој случај и ги замрзнав моите јајце клетки".



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk