Мачната борба на познатата актерка: Ракот се вратил, закажана е следна операција

Кармин

15/05/2018

14:46

4.935

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Шенон Доерти ги споделила тажните вести со целиот свет кои се однесуваат на нејзината здравствена состојба.

По две и пол години упорна борба со ракот на дојка, како и многубројни оперативни зафати, Шенон се вратила во болница каде ја чека нова хируршка операција – реконструкција на дојката. 

Поранешната ѕвезда на Беверли Хилс споделила фотографија од болничкиот кревет со нејзината мајка Роса покрај неа која ѝ дава огромна поддршка.

“Те сакам. Ти благодарам што си секогаш покрај мене. Би пишувала повеќе, но пилулите против болки ме уништуваат”, напишала актерката под фотографијата.

За потсетување, пред две и пол години на актерката ѝ бил дијагностициран рак на дојка. Таа добро ја поднела веста и најавила дека ќе продолжи да се бори против болеста.

“Да. Имам рак на дојка и моментално сум на терапија. Продолжувам правилно да се исхранувам, да вежбам и да бидам позитивна во животот. Благодарна сум на моето семејство, пријателите и докторите на поддршката, и секако, на моите обожаватели кои стојат покрај мене”, тогаш изјавила актерката.


Во меѓувреме ѝ била направена мастектомија, а по фаза на мирување и лекување, во април оваа година Доерти изјавила дека туморот се вратил, но дека останува позитивна и покрај лошите вести.

“Како што сите знаат, следните пет години се најважни. Враќањето се случува постојано”, кратко прокоментирала таа и нагласила дека нема да го изгуби позитивниот дух.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk