Двете славни манекенки го прошетале Кан во очајни изданија

Кармин

14/05/2018

12:58

4.296

Големина на фонт

а а а

Тие се најдобри пријателки и моментално едни од најбараните манекенки во светот.

Но, иако се главни ѕвезди на ревиите на најголемите дизајнерски имиња, модните експерти тврдат дека тие немаат стил, што уште еднаш се докажало и на Канскиот филмски фестивал. 

Кендал Џенер и Бела Хадид не го пропуштиле ниту овогодишниот настан каде на црвениот тепих заблескале во раскошни изданија.


Кендал носела потполно проѕирен бел фустан со карнери и мини зелен модел, додека Хадид изгледала како принцеза во нежно розов фустан со раскошен ѓердан околу вратот, а уште поубаво изгледала во црвеното полупроѕирно издание.


Но, откако го освоиле црвениот тепих во аутфитите за кои очигледно се “виновни” нивните стилисти, манекенките за заедничкото вечерно излегување во Кан се определиле за очајни изданија.


Кендал била облечена во мини металик розов фустан кој го искомбинирала со светкави салонки во иста нијанса и црни чорапи. Но, уште полошо било изданието на Бела Хадид кое изгледало како таа да излегла од теретана.


Манекенката носела сребрени кратки хеланки и црна кратка маица, а спортскиот изглед го надополнила со раскошен дијамантски накит и минималистички сандали со висока пета кои беа популарни во деведесеттите години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk