Плус сајз манекенката повторно со смел потег, објави необработени папaрацо фотографии

Кармин

03/05/2018

10:41

6.941

Големина на фонт

а а а

Плус сајз манекенката Ешли Грахам со својот креативен тим одлучи во последниот сегмент од својата модна кампања за костими за капење да ги употреби необработените фотографии од папараците. Навистина смело од неа, како и секогаш.

Ешли ги покажа фотографиите на својот Инстаграм профил, а тие буквално “пукаат” од вулкански сексапил. На своите фанови им порача дека чувството да се биде автентичен е прекрасно, а на сите останати дека треба да се сакаат себе си и да не се грижат за туѓото мислење. 

“Оваа кампања е поразлична од сите останати за кои работев во текот на мојата кариера. Го покажав моето тело и себе во навистина неверојатни ситуации. Никогаш не мислев дека ќе бидам подготвена за такво нешто”, рекла Ешли.

Манекенката ги објавила фотографиите од нејзиното импозантно тело, нарекувајќи го оружје, како стои пред маж кој го подигнува и го поместува.

Разголена до гола кожа, Ешли недвосмислено праќа силна порака за убавината и силата на женското тело.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk