Славниот актер за својата поранешна жена: “Ќе ја сакам до крајот на животот”

Кармин

24/04/2018

14:39

3.378

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот актер Антонио Бандерас имал пофални зборови за својата поранешна сопруга Мелани Грифит.

57-годишниот Бандерас во разговор за списанието “People” открил дека има многу близок однос со својата поранешна жена, актерката Мелани Грифит. 

“И покрај тоа што сме разведени, таа е моето семејство и ќе ја сакам до крајот на животот. Ние сме постојано во контакт и успеавме да се разделиме на многу елегантен начин”, изјавил тој.

Антонио исто така додал дека на нивниот однос влијаеле и нивните деца.


“Нашите деца уживаат во убавиот однос и тоа е многу важно за мене и Мелани. Децата се нашиот главен приоритет”, заклучил познатиот актер.

Мелани и Антонио се разведоа во декември 2015 година, по речиси 20-годишен брак. Оттогаш, тие останале во пријателски односи и често го поминуваат своето време со 21-годишната ќерка, Стела Бандерас.

Минатата недела, поранешните сопружници повторно се сретнале на прославата на 21-виот роденден на Стела, а фотографиите ги објавиле на Инстаграм.

Минатата година, Мелани во едно интервју изјавила како се чувствува по разводот и како се променил нејзиниот живот.

“Моите деца се добро и тие се прекрасни луѓе. Јас сум сингл, осамена и збунета – но во исто време тотално љубопитна”, изјавила Грифит.

Покрај Стела, Мелани од бракот со Стивен Бауер го има 32-годишниот син Александер, а од бракот со Дон Џонсон ќерката Дакота.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk