Тригодишната Клаудија ги поседува најубавите очи на светот: Поради нив, таа е најбараниот млад модел во модната индустрија

Точка

06/03/2018

15:23

9.274

Големина на фонт

а а а

Доволно е да погледнете само една фотографија од Клаудија Рамирез (3) и да сфатите зошто таа е сè само не обично дете.

Иако е многу млада, поради фотографиите на ова девојче со нереално сини и крупни очи, профилот на нејзината мајка има над 160 илјади следбеници. 


Клаудија е веќе заштитно лице на многу големи компании, а нејзината мајка обожува да ја фотографира.


Со тоа, оваа мала убавица со продорни сини очи може да се пофали и со успешна кариера на модел на само три години.

Девојчето има уште една сестра – Валерија и двајца браќа Абел и Оливер. Од фотографиите е јасно дека Рамирез обожува да позира и да ужива пред фотоапаратот.


Секоја фотографија од Клаудија која нејзината мајка ја објавува, има над 15 илјади лајкови, а за коментарите нема потреба да зборуваме – сите се воодушевуваат на убавината на ова девојче.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk