Татко го натерал својот 10-годишен син да трча кон училиштето по дождот: “Тоа се нарекува родителство”

Точка

06/03/2018

16:48

7.276

Големина на фонт

а а а

Татко го казнил својот син така што го натерал да трча кон училиштето по дождот, откако дознал дека 10-годишникот малтретирал други деца во училишниот автобус.

Брајан Торнхил од Вирџинија ја објавил оваа казна за својот син на Фејсбук, а снимката стана вистински хит. Таткото напоменал дека неговиот син и онака трчал така што оваа казна за него била поприлично блага. 

Имено, неговиот син има забрана да се вози со училишниот автобус три дена бидејќи малтретирал други деца. “Тоа не го толерирам и не можам да го поднесам”, изјавил таткото чиј потег предизвикал во глобала позитивни реакции.

Иако имало и такви кои му приговарале, повеќето корисници на социјалните мрежи го пофалиле за начинот на кој тој пробал да го реши овој проблем, а наводно од училиштето биле задоволни со однесувањето на неговиот син оваа недела.


“Ова тука се нарекува родителство”, изјавил Брајан. “Ќе се погрижиме неговите учители да уживаат во неговото друштво на училиште, да не им смета на колегите од одделението и сè останато. Учете ги своите деца како да се однесуваат, немојте да им бидете пријатели, бидете им родители. Тоа им е потребно на денешните деца”, заклучил тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk