Која е најважната зимска заштита – капа, ракавици или шал?

Точка

09/12/2017

13:13

3.139

Големина на фонт

а а а

Едно од најчестите прашања кога ќе настапи зимата е како да ја задржиме телесната топлина и да го спречиме ладењето на телото кога сме надвор. Меѓутоа, исто така се поставува прашањето што може најдобро да нѝ помогне во тоа – капа, ракавици или шал?

Смрзнувањето и изложувањето на ниски температури може да го оштети имунитетот и да го изложи телото на стрес кој може да доведе до настинка, отежнато дишење и бавна циркулација. 


Со цел да спречите студеното време да влијае на вашето срце и бели дробови, задолжително носете шал, капа и ракавици – тие се направени со цел да ги заштитат некои од најважните делови на телото.

Капата е особено важна бидејќи преку главата може да се изгуби повеќе од 70 проценти од телесната топлина. Исто така, таа ги штити ушите од смрзнувања и штити од штетните УВ зрачења, поради што е задолжителен дел од опремата за скијање.


Ракавиците имаат двојна намена: да ја задржат топлината и да го спречат изложувањето на рацете на ветер и студ. Ракавиците помагаат да се задржи топлината и мобилноста на рацете и ги штитат дланките од студ, ветер и влажност.

Шалот е еден од најважните зимски акцесоари. Сите знаат дека зимската сезона е сезона на грип и настинки, затоа носете шал! Шалот помага да се заштитите од разни вируси, но и од болката во вратот поради силниот ветер. Шалот, освен вратот, ги заштитува и устата и носот, топлејќи го воздухот кој го вдишуваме.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk