Доколку планирате да го промените вашиот ентериер во домот, имаме неколку совети за вас.
Сè што досега сте знаеле за уредувањето на ентериерот и опремување на домот – заборавете! Главната задача е да ги прекршите следните 8 клучни правила, со цел вашиот стан да изгледа како од насловните страници на познатите дизајнерски списанија.
Купите потполно различни фотелји кои отскокнуваат од останатиот мебел – битно е само да се вклопуваат со нешто друго во вашиот дом, како на пример завесите или тепихот.
Верувале или не, спалната соба совршено ќе изгледа дури и доколку немате вклопен “сет” во вид на кревет и ноќни ормарчиња.
Купете интересно столче или масичка која ви се допаѓа и поставете ја покрај креветот.
Ѕидовите во вашиот дом можат да бидат бели, а притоа да не изгледа како да живеете во болница. Единствената работа е да не држите премногу бели работи во собата – испланирајте сè за да добиете светол и атрактивен ентериер.
Луѓето сметаат дека, почитувајќи го ова правило, ќе добијат повеќе слободен простор за маневрирање. Меѓутоа, тоа важи само за малите простории во кои не постои друг избор.
Доколку е собата доволно голема, слободно заборавете на овој стереотип – поделете го просторот со тросед, поставете фотелја во средина на собата итн.
Класични керамички плочки во бањата
Денес постојат многу различни начини како да го декорирате купатилото, затоа заборавете на класичните плочки и испробајте ги оние кои личат на камен, бетон или дрво.
Не плашете се од експериментирање – ставете маса и столчиња со различен стил и облик и со тоа “разиграјте” го местото кое е резервирано за пријатни оброци.
Денес, популарните дизајни се одликуваат со минималистички парчиња мебел. Тоа особено важи за малите простории – доколку собата не е голема, трудете се и мебелот да не биде во големи димензии.
Родителите сметаат дека светлите бои ќе внесат мир и топлина во детската соба. Меѓутоа, со цел да се развие детската фантазија, разбијте ја монотонијата во нивната соба со разни играчки, постери и цртежи.