[ВИДЕО] Златан Ибрахимовиќ откри како ги воспитува своите синови: „Доколку јас можев со тие три работи, можете и вие“

Кармин

30/01/2026

15:17

832

Големина на фонт

а а а

Иако со години беше синоним за луксуз и успех, Златан Ибрахимовиќ открива дека во воспитувањето на своите деца не признава привилегии.

Златан Ибрахимовиќ е познат по тоа што никогаш не ги бира зборовите, а ништo поразлично не се случило ниту во поткастот на Славен Билиќ „(Не)успех на првакот“ во којшто отворено зборувал за родителството и воспитувањето на своите синови Максимилиан и Винсент.


Легендарниот фудбалер открил дека една од главните цели во воспитувањето на децата е да ги научи на самостојност, без оглед на богатството и привилегиите кои доаѓаат со неговото име.

„Доколку на 18 години не се самостојни, не сум успеал. Бевме на Беверли Хилс... Не го кажувам тоа за да се правам важен, туку таму работев. Тогаш играв во Лос Анџелес. Децата одеа на училиште, а сите имаа возачи. Во училиште јас ги носев со два велосипеди. Им ги купив и им реков: Земете ги велосипедите и одете сами на училиште. Бев тврд и јак, но секогаш за нивно добро“, изјавил Златан.

Особено нагласил дека на своите деца не сака да им го олесни животот со парите туку да ги подготви за реалниот свет. Во тој контекст зборувал и за социјалните мрежи – постариот син Максимилијан, отворил Инстаграм профил во 2024 година, додека пак малолетниот Винсент сѐ уште нема пристап до социјалните мрежи.


„Млеко, леб и болоњезе. Три работи. Им велам на своите деца – ако јас можев да успеам со тие три работи, тогаш можете и вие. Имам повеќе пари од моите родители. Со парите е полесно да се живее, но тие нема да ти донесат среќа“, искрено порачал фудбалерот.

На крај јасно дал до знаење кои вредности ги смета за клучни:

„Децата ги учам на дисциплина, почит и самостојност“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk