Секоја дама ужива во негата на својата кожа, па токму затоа подготвивме за вас прилог на производи кои треба да ги поседувате доколку сакате беспрекорно здрава и прекрасна кожа.
Лутајки по Facebook и Instagram feeds, често налетуваме на интересната содржина која брендот Your Secret CRUSH ја постира на своите профили - најчесто слатки девојки намачкани со кафе на своето лице!
Станува збор за македонски бренд за природна козметика- по кој се полудени сите девојки, а по краток разговор со компанијата решивме да ви презентираме зашто е тоа така и за што поконкретно станува збор.
Цениме добар маркетинг, но на крајот на денот квалитетот ни е на прво место. Постојано се трудиме не само да го задржиме нашиот квалитет - туку истиот да оди во нагорна линија. А задоволните дами се наша доволна мотивација да се стремиме кон ширење на палетата на производи! Веруваме во тоа дека со нашето постоење ги учиме девојките да се сакаат и негуваат себеси! Целата идеа на природната козметика CRUSH - е да се “затрескаме” во нашата природна убавина и да уживаме во сопствената кожа!
Ви ги презентираме производите на брендот Your Secret CRUSH кои можете да ги нарачате на нивната ФБ страна www.facebook.com/crush.shoponline или на нивниот Инстаграм профил - www.instagram.com/yoursecret.crush
Coffee Scrub Your Secret CRUSH
Посебна гранулација на најквалитетно кафе во комбинација со масло од кокос, масло од бадем, масло од орев, масло од семка од грозје, масло од јојоба, маслиново масло, хималајска сол и витамин Е. - Идеално е за нега на лице и тело, како и проблеми со акни, митесери, лузни, флеки, стрии, целулит, поткожни влакна..
На база на шеќер и кафе, збогатено со чист кофеин, масло од авокадо, кокосово масло, бадемово масло, невеново масло, масло од семка од грозје, маслиново масло, масло од јојоба и витамин Е. Ја храни и хидратира кожата, оставајки ја свиленкаста и витална! Посебно погодно за проблеми со акни, црвенило, иритација на кожата, флеки, брчки, целулит, стрии…
Massage bar body butter Your Secret CRUSH
Тврд шеа путер збогатен со чист кофеин, зрна кафе, бадемов восок, масло од авокадо, бадемово масло, маслиново масло, масло од семка од грозје, кокосово масло. 95% органски тврдиот путер ја храни и хидратира вашата кожа, а благодарение на зрната кафе е одличен за подобрување на циркулацијата и масажа и релаксација на мускулите.
Сапунот од оваа колексија во себе содржи изобилие на природни витамини кои на вашата кожа и ја даваат чистотата и виталноста која отсекогаш сте ја посакувале. На база на путер од какао збогатен со посебна гранулација на кафе за ефект на пилинг, цимет, бадемово масло, масло од црно семе, јојоба масло, масло од авокадо, невеново масло, кокосово масло, арганово масло и чист кофеин - овој сапун буквално ја буди убавината на вашата кожа!
На крај кога сме запознаени со целата колекција, јасно ни е како брендот CRUSH ги освојува дамите!