Како го чистат најголемиот авион на светот "Ербас А380"?

Отприлика знаете колку вода и средства за чистење се потребни за да го исперете вашиот автомобил, сега замислете пак колку се потребни за се испере најголемиот патнички авион на светот... Оваа работа обично бара илјадници литри вода, но компанијата "Енирејтс" пронајде иновативен начин да ја "одржува" хигиената на својата флота од авиони "Ербас A380", а притоа да не истури ниту една капка вода. Авиокомпанијата објави видео во коe еден од нивните авиони се чисти во хангар во Дубаи и тоа со техниката "суво миење". Целата надворешност на авионот се прекрива со средство за чистење што потоа се суши и претвора во тенок филм што се отстранува со чиста ткаенина од микрофибер. Овој метод ја отстранува правта и нечистотијата што се собираат во текот на летањето и авионот го оддржува сјаен без употреба на вода. За чистењето на "А 380" се потребни 15 лица и 12 часа работа, а за чистењето на "Боинг 777" се потребни девет. Авионот вообичаено се мие четири до пет пати годишно и тоа со шмркови под висок притисок. Да се измие еден "А380" потребни се околу 11.300 литри вода, а за миење на "Боинг 777" потребни се повеќе од 9.500 литри. Уште една предност на сувото миење е и тоа што истовремено можат да се извршат прегледи и поправки на леталото.