Отмен, практичен и елегантен: Шест правила со кои вашиот дом ќе изгледа како од списание

Точка

13/02/2018

11:18

1.562

Големина на фонт

а а а

Планирате да го уредите вашиот ентериер во кој сакате да додадете доза на елеганција? Со следните шест совети и скромен буџет, тоа можете и да го направите, а еве што советува дизајнерката Шерил Ејсен:

Три е магичниот број

Шерил советува да ја украсите вашата омилена просторија со три уметнички дела кои можете и сами да ги направите. Сè што ви е потребно се три слики и три рамки во различни големини кои ќе го разиграат просторот.


Голем тепих

Доколку сакате визуелно да ја проширите просторијата, еве што советува дизајнерката:

“Неутралната палета на бои, огледалото зад каучот и огромниот “бушав” тепих ќе ја направат вашата мала соба да изгледа поголемо”.


Помалку е повеќе

Не претерувајте со детали – полиците со малку книги, една вазна или неколку предмети делуваат отмено и скапо. Обрнете внимание предметите да бидат со различна боја и облик, а доколку имате празен агол во вашиот дом, едноставно поставете удобна столица и направете си мини катче за читање.


Еден ѕид во темна нијанса

Најевтиниот начин да ја направите здодевната просторија да изгледа како отмен француски будоар е да акцентирате еден ѕид во темна боја или да го прекриете со потемни тапети. Ваквиот необичен и нагласен ѕид ќе ѝ даде топлина и скапоцен изглед на собата.


Осветлен простор

Светлите простории се синоним за елеганција и отменост, но за истите да не изгледаат монотоно, освежете ги со интересни перничиња во црно-бела или друга интересна шара.


Различни стилови

Шерил обожува да го уредува просторот во неутрални бои, додавајќи бои, текстури и детали. Нејзината омилена комбинација на бои се белата, сивата и беж нијансата. Исто така, таа претпочита да меша различни форми и облици како на пример две бели столици од кои едната е во модерен дизајн, а другата изгледа многу стилски.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk