10 намирници кои (не) смеете да ги консумирате на празен желудник

Точка

10/10/2017

13:13

4.421

Големина на фонт

а а а

Кога сме гладни, честопати знаеме да посегнеме по храна која не е најдобар избор бидејќи одредени намирници не се наменети за консумирање на празен желудник.

Дознајте кои се намирниците кои не смеете да ги консумирате, а што е добро да јадете кога желудникот ви е празен. 

10 намирници кои НЕ СМЕЕТЕ да ги консумирате на празен желудник

Пецива од лиснато тесто - намирниците кои содржат квасец ја иритираат слузницата на желудникот и можат да предизвикаат надуеност.

Слатки - шеќерот го зголемува нивото на инсулин со што значително се зголемува притисокот врз панкреасот кој само што се „разбудил“. Навиката да се консумира слатко на празен желудник може да доведе до развој на дијабетес.


Јогурт и други ферментирани млечни производи - кога пиеме јогурт на празен желудник, хлороводородната киселина која се создава во желудникот, ги убива бактериите и млечните киселини. На овој начин со пиењето јогурт наутро воопшто нема да му помогнете на вашиот организам.

Круши - природните влакна во крушите може да ѝ наштетат на чувствителната мембрана на празниот желудник.

Домати - доматите содржат голема количина на танинска киселина која ја зголемува киселоста на желудникот, што може да доведе до создавање на чир на желудникот.


Свежи краставици и друг зелен зеленчук - сировиот зеленчук е богат со аминокиселини. Меѓутоа тој може да предизвика и киселини, надуеност и болки во стомакот, особено кога се консумира на празен стомак.

Банани - консумирањето банани на празен желудник го зголемува нивото на магнезиум во крвта што може да биде штетно за срцето.

Лути зачини - зачинетата храна може да ја оштети или надразни слузокожата на желудникот, но и да го зголеми создавањето на желудочна киселина. Тоа пак, може да доведе до развој на здравствени компликации во дигестивниот систем.

Студени газирани пијалаци - пиењето на студена газирана вода наутро може да ја оштети слузокожата на желудникот и да го намали протокот на крв во стомакот. Како последица од тоа, храната се вари многу побавно.


Цитрусно овошје - цитрусното овошје содржи овошни киселини, кои доколку ги внесете на празен желудник може да предизвикаат киселини и да го зголемат ризикот од гастритис и чир на желудникот.

10 намирници кои СМЕЕТЕ да ги консумирате на празен желудник

Овесна каша – овесната каша создава заштитна облога околу желудникот која спречува хлороводородната киселина да им наштети на ѕидовите на овој орган. Исто така содржи и растителни влакна кои го намалуваат холестеролот.

Хељда - хељдата нежно го стимулира дигестивниот систем и е одличен извор на протеини, железо и витамини.

Палента - палентата помага во отстранување на токсините и тешките метали од организмот, ја нормализира цревната микрофлора и заситува.


Пченични никулци - две лажици пченични никулци содржат околу 15 отсто од препорачаниот дневен внес на витаминот Е и 10 отсто од препорачаниот внес на фолна киселина. Исто така, тие помагаат во правилното работење на дигестивниот систем.

Јајца - научно е докажано дека јајцата за појадок можат значајно да го намалат вкупниот дневен внес на калории.

Лубеница - лубеницата на празен желудник ќе ве збогати со добра количина на течности. Исто така, лубеницата е добра за здравјето на очите и срцето, бидејќи содржи големо количество на ликопен.

Боровинки - истражувањата покажале дека редовното консумирање на боровинки го подобрува помнењето и го регулира крвниот притисок и метаболизмот, особено доколку ги јадете за појадок.


Леб од цели зрна без квасец - јаглехидратите и другите корисни хранливи материи кои се наоѓаат во лебот се неопходни за нашето тело. Најдобро време е да ги јадете рано наутро.

Јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми) - доколку ги јадете за појадок, јаткастите плодови ќе го подобрат дигестивниот систем и ќе ја нормализираат pH вредноста на желудникот.

Мед - медот помага во будењето на телото наутро па ни дава сила и енергија. Медот, исто така, ја поттикнува активноста на мозокот и го зголемува нивото на хормонот на среќата - серотонинот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk