Десет карактеристики на личности кои имаат успешни врски

Точка

11/08/2017

14:27

1.439

Големина на фонт

а а а

За Вашата врска да биде здрава, потребно е да вложите многу труд, трпение и време. Тоа знае да биде емотивно исцрпувачка и тешка задача, па затоа нашето однесување во некои моменти може да биде претерано.

Со цел да ги избегнете непотребните караници и да си ја олесните ситуацијата, Ви претставуваме 10 карактеристики на ментално силните луѓе поради кои имаат успешни врски. 

Не ја анализираат секоја ситница

Ментално силните личности не го анализираат значењето зад секој збор или акција на друга личност. Трошењето на енергија на такви работи нема смисла, бидејќи поголем дел од зборовите или делата едноставно немаат никакво скриено значење.

Не сметаат дека партнерот ќе ги надополни

Таквите личности најпрво самите себе ќе се надополнат, а дури потоа ќе бараат некој што ќе им го разубави животот. Многу е важно личноста да може и да знае како да ужива во сопственото друштво, и да е свесна за тоа дека си е сама на себе доволна.

Не го споменуваат минатото

Тие го избегнуваат непотребното споменување и навраќање на минатото во расправијата која нема врска со тоа. Во тој момент, настојуваат да ја подобрат сегашната ситуација, а не да ја влошат.


Не бараат примери во туѓите љубовни врски

Ментално цврстите луѓе се посветени кон себе и кон својот партнер. Копирањето или фокусирањето на туѓите врски и односи нема смисла, бидејќи секоја врска е различна и тие се свесни за тоа.

Не го обвинуваат партнерот

Свесни се дека таквото негативно однесување нема никаква функција. Секако дека секогаш е полесно да ја обвините другата личност отколку себе. Но, врската може да започне успешно да функционира дури тогаш кога ќе престанете да го омаловажувате партнерот, со цел Вие да се чувствувате подобро.

Не престануваат да комуницираат

Ментално силните личности комуницираат со другите без оглед на тоа дали односите им се добри или лоши. Тие не ги избегнуваат разговорите кои треба да се извршат, туку на нив гледаат како прилика за подобрување на врската.

Не престануваат да се сакаат себеси

Знаат дека е важно прво да се сакаат себеси за потоа да може да ги сакаат другите. Тие настојуваат да го подобрат својот живот, за потоа да можат да им помогнат и на луѓето околу себе.


Не веруваат дека можат да го „поправат“ партнерот

Се обидуваат да го разберат и да му помогнат на партнерот на кој било начин, но свесни се дека не можат да го променат. Не живеат во заблуда и знаат дека единствено личноста може да се промени самата себе.

Не се обидуваат да го забрзаат напредокот во врската

Тие се препуштаат на природниот тек на врската, бидејќи знаат дека нема смисла насилно да се обидуваат и да забрзуваат нешто такво. Поважно им е да го подобрат односот, односно да развијат успешно разбирање и комуницирање.

Не остануваат во нездрави врски

Ментално силните личности знаат кога е крај на љубовната врска. Свесни се дека го вложиле целиот свој труд и време, но дека врската едноставно повеќе не функционира.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk