Само во Дубаи: Може ли да погодите колку чинат најскапите салонки на светот?

Точка

14/07/2017

16:59

2.445

Големина на фонт

а а а

Во градот кадешто и еден грам воздух, судејќи според се', чини извесна сума на пари, сега може да се купат и чевли вредни импресивни 33.000 долари.

Овој модерен пар чевли го имаше своето деби пред неколку дена, а се дело на италијанскиот дизајнер Антонио Виетри, поранешниот вработен на берза. На негова среќа, името Виетри е поприлично познато во Дубаи, кадешто пар златни мокасинки беше на продажба по цена од неверојатни 82.000 долари. Љубителите на обувките на оваа дестинација често и не се оптеретуваат ниту прашуваат за цената кога ќе видат нешто што им се допаѓа.

- Едвај дочекав за официјално да ја претставам мојата колекција наменета за дамите, на Leatherworld Middle East 2017 самот, следејќи го големиот успех на глобалното лансирање на колекцијата за мажи минатата година, изјавил Виетри.


- Луѓето тука ја сакаат ексклузивноста и сосема уникатниот луксуз, такашто сум многу возбуден поради официјалното откривање на нешто што секако претходно немале прилика и можност да видат, заклучува тој.

А сега, нешто повеќе и за самите чевли. Свилените салонки се потопени во 24-каратно злато, а потоа декорирани со златни и сребрени украси. Па ако по некоја случајност токму вие размислувате да го купите овој модел на чевли, ќе може да изберете помеѓу модел декориран со Swarovski кристали, бисери или дијаманти, нешто по коешто токму вашиот пар ќе биде уникатен.


- Сите мои клиенти се познати личности коишто се многу воздржани. Тие доаѓаат главно од Средниот Исток - Саудиска Арабија, Катар и Оман. А јас пак постојано го проширувам бизнисот. Засега има голема побарувачка од азискиот пазар, пред се' тука мислам на Шангај, како и од Русија и САД“, заклучува Виетри.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk