Барселона подготвува специјална понуда за Арсенал за услугите на Белерин

Дерби

19/06/2017

19:45

565

Големина на фонт

а а а

Барселона нема по добро да ја памети натпреварувачката 2016/2017, па сега со нови сили ќе се обиде да се врати на самиот врв и тоа под команда на Ернесто Валверде.

Секако за да промени нешто на подобро потребни се засилувања, а каталонците имаат две големи желби за овој преоден рок и тоа ангажман на Ектор Белерин и Марко Верати.

Двата играчи иаат активни договори со Арсенл и ПСЖ и ќе треба доста активност од каталонците како и финансиски средства за да се дојде до нивните услуги. Само за Верати би требало да бидат потребни 80 до 100 милиони евра, па затоа Барса ќе се обиде да дојде до едно поинакво решение барем кога е во прашање Белерин.

Според „Марка“ клубот од „Камп Ноу“ ќе го употреби Рафиња за да ја намили цената на десниот бек. Бразилецот сака поголема минутажа и одговара на стилот на Арсенал, а таа ситуација сака да ја искористи великанот за да може да дојде до побрз договор со премиерлигашот.

Барса го проценува својот играч на 30 милиони и останува прашањето уште колку би требало да бида доплатени за да се затвори оваа зделка.



Спонозорирани линкови

Маркетинг