Кикер: Даглас Коста е нов фудбалер на Јувентус

Точка

19/06/2017

18:01

486

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува германски Кикер, фудбалерот на Баерн Минхен, Даглас Коста наскоро ќе се пресели во Јувентус.

После долгите преговори, наводно Баварците се согласиле да го продадат својот крилен напаѓач, а Јувентус на германскиот клуб за услугите на Коста ќе им исплати 40 милиони евра, пренесува Кикер.

Коста играше одлично во Баерн, но со доаѓањето на Карло Анчелоти тој падна во втор план и не добива голема минутажа. Поради тоа, се очекуваше дека ќе дојде до трансфер, па тој речиси сигурно ќе ја продолжи својата кариера во Торино.

Даглас Коста ќе биде второто засилување на „Бјанконерите“ за новата сезона, откако веќе беше комплетиран трансферот на напаѓачот на Сампдорија, Патрик Шик за 25 милиони евра.



Спонозорирани линкови

Маркетинг