Направете сами: Домашен шампон за брз раст на косата

Точка

19/06/2017

14:51

3.393

Големина на фонт

а а а

Долгата и сјајна коса, како и брзиот раст на влакното може да го потпомогне овој шампон од сода бикарбона кој е лесен за подготовка.

Можеби на почетокот ќе Ви биде чудно и тешко да не ја миете косата со класичен шампон, но бидете трпеливи и ќе се изненадите од позитивните резултати. 

Како да го припремите овој третман?

Во мало шишенце, ставете сода бикарбона и вода, така што ¼ од шишенцето ќе го наполните со сода бикарбона, а ¾ со вода. Количината на состојките можете да ја прилагодите според должината на косата (на пример, за долга коса помешајте две или три лажички сода и три пати поголема количина на вода).


Овој шампон можете да го користите наместо класичниот шампон за коса, а може да се користи и на сува и на мокра коса. Нанесете го шампонот на темето, измасирајте и оставете да делува околу три минути. Потоа, исперете ја косата со вода.

По ова, нанесете мешавина од 1/5 јаболков оцет, разреден со 4/5 вода. Доколку се плашите од мирисот на оцетот, можете да додадете етерично масло по Ваш избор, како што е маслото од нане, лаванда или рузмарин.

Со повторувањето на овој третман, Вашата коса ќе биде здрава и сјајна, што е предуслов за брз раст. Исто така, со помош на овој третман ќе ги отстраните сите хемикалии од козметичките препарати кои ја оптеретуваат и оштетуваат косата.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk