Хуманитарна забава за скопската Зоолошка градина во Клубот Сектор 909!

Точка

19/06/2017

12:28

666

Големина на фонт

а а а

Во среда, на 21 јуни, летниот ноќен клуб "Сектор 909" по две години пауза, повторно ќе ги отвори вратите за својата публика. Во соогласност со традицијата, оваа ноќна забава ќе има хуманитарен карактер, како и предходните отворања на летниот клуб.

Имено, собраните средства од хуманитарната забава ќе бидат наменети за скопската Зоолошка градина. Во 2012 година клубот Сектор 909 на Зоолошката градина и го донираше пони коњчето Флекица, дресирано за помош и релаксација на деца со аутизам, кое исто така можат да го јаваат сите деца кои ќе посакаат.

Пони коњчето Флекица

Веќе следната година клубот успеа да собере средства и да донира комплетна опрема за децата да можат да уживаат заедно со Флекица. Ова е трето отворањето на летниот клуб, кој се наоѓа на старата локација под скопското Кале. За потребите на Сектор 909 изграден е за првпат изолационен ѕид за акустична заштита, извршени се посебни мерења за децибелажа и специјална звучна бариера, со други зборови од полноќната музика ќе бидат заштитени сите засегнати од непосредната околина.


На хуманитарната забава, чиј влез чини 150 денари ќе настапат препознатливи македонски артисти како Гоце САФ, Соња Исмаил, Дарко Марковски и Кантон 6 (Мирко Попов и Синиша Евтимов.

Веќе во четрток закажана е забава со дј Чваре и Nonaduzz. Во петок ќе настапат Маци и Узун Баба, а веќе во сабота ќе настапи и првиот гостин од странство за оваа летна сезона, Takasi Nakajima/Different World од Јапонија, со локална поддршка од Самоил Радински од Логос рекордс. Јапонецот Takasi Nakajima кој со музичка продукција и диџејување се занимава уште од 1994-та година, ги има едни од најпрефинетите и најразлични колекции на музика во Јапонија, пуштајќи музика од техно, хаус, даб до хип-хоп, фанк, соул, џез или која било црнечка музика.


Сектор 909 ветува одлична забава во летните полноќни часови оваа сезона, но над се вонредно квалитетен звук и светло, кое досега не се запаметени во историјата на скопскиот ноќен живот.

Хуманоста на дело, подигнувањето на свеста на македонската публика за поддршката на Зоолошката градина во моментов е неопходна и многу важна, затоа ајде да го направиме ова лето незаборавно.




Спонозорирани линкови

Маркетинг