Пет грешки кои ги правиме при сушењето на косата

Точка

18/05/2017

14:36

1.326

Големина на фонт

а а а

За успешно сушење на косата најважно е добро да ја познавате текстурата на Вашата коса. Потоа на ред доаѓа и правилното користење на производите за нега на косата.

Комбинацијата на овие два фактори доведува до фризура со која ќе бидете задоволни, но во постигнување на совршениот резултат можат да Ве спречат грешките кои честопати ги правиме при сушењето. 

Прерано ја сушиме косата

Многу од жените почнуваат да ја сушат косата веднаш штом ќе завршат со туширањето, но важно е пред сушењето да ја отстраните водата од косата. Најпрвин, добро исцедете ја со рацете, а потоа замотајте ја во памучна крпа која што ќе го собере вишокот вода.


Почнуваме со сушење на тилот

Секогаш почнувајте со предната страна на главата па потоа полека насочувајте се кон задната страна. Така полесно и порамномерно ќе ги “скротите” влакната кои се наоѓаат во линијата на косата, и кои често се виткаат и нѝ создаваат проблеми со своето “стрчење”.

Погрешно ги нанесуваме производите за коса

Честопати, регенераторите, балзамите за израмнување на косата или средствата за волумен погрешно се нанесуваат. Кај нанесувањето на овие производи избегнувајте го подрачјето околу темето и “задржете” се на долниот дел од должината на косата. Косата можете да ја поделите на неколку делови и на секој од нив темелно да нанесете од посакуваниот производ. Истотака, внимавајте на количината којашто ја нанесувате.


Користиме фенови со лоши квалитети

За добар реултат потребен Ви е и добар фен. Поради тоа инвестирајте во поквалитетни модели кои имаат поголема сила и не се загреваат пребрзо. Вистинскиот фен мора да стои добро во раката и не смее да биде претежок.

Ја стилизираме косата со погрешна четка

Доколку сакате поголем волумен, одбегнувајте да ги користите преголемите четки. Задолжително купувајте помали четки бидејќи со нив ќе добиете поголем волумен на фризурата. За израмнување на косата, набавете си квалитетна густа округла четка. Заедно со правилниот притисок во текот на фенирањето, таа без проблем ќе ги скроти Вашите “непослушни” локни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk