Мостот кај „Ист Гејт“ ќе биде затворен, постои опасност по пожарот, посочи Ангелов

Мостот „Беласица“ кај Железничката станица во Скопје ќе биде затворен целосно за пешаци и за моторни возила се додека не се санираат штетите од пожарот кој го зафати долниот дел од мостот кој ги поврзува „Веро Џамбо“ и трговскиот центар „Ист Гејт Мол“. Ова го изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и посочи дека постои опасност од одронување на бетонски парчиња со кои е премачкан мостот.